АЕК Ларнaка – Фенербахче во знакот на Македонците, но Алиоски го елиминираше Тричковски од ЛЕ

Македонскиот дуел во Лига Европа помеѓу АЕК Ларника и Фенербахче (1-2) го одбележаа нашите репрезентативци. Езјан Алиоски асистираше за турскиот состав, додека Иван Тричковски постигна гол за кипарскиот, но истот не беше доволен за славеје на АЕК Ларника и три бода кои ќе го оставеа островскиот тим во позиција да се надева на пласман во следната фаза.

Натпреварот го отвори Жоао Педро во 16. минута, а Тричковски од пенал во 56. минута донесе изедначување. Сепак од белата точка реализираше и Миши Батшуаји во 80. минута, а на кипарскиот состав не му помогна ни црвениот картон на Гарсија во 85. минута. Минута подоцна шанса за водство од 1-3 пропушти Валенсија кој не реализираше пенал.

Рома успеа да стигне до бодови на гостувањето кај Реал Бетис (1-1) и да остане во игра за место во кое води во следната фаза од Лига Европа. Канелес во 34. минута донесе предност за шпанскиот тим, а Белоти во 53. минута го изедначи резултатот.

„Волчицата“ за да се надева на пласман во разигрувањето за титула во Лига Европа сега ќе мора да слави во меѓусебниот натпревар против Лудогорец со повеќе од еден гол.

Oстанатите натпревари:

Бодо/Глимт – Арсенал 0-1
Динамо Киев – Рен  0-1
Фејенорд – Митјуланд 2-2
Нант – Фрајбург 0-4
Карабак – Олимпијакос 0-0
Ројал Унион – Брага 3-3

Се вчитува...