АЕК си го чува „бисерот“: Нов договор за Тричковски

Иван Тричковски ќе продолжи да го носи дресот на АЕК Ларнака и по завршувањето на сезонава откако македонскиот репрезентативец денеска потпиша нов договор со кипарскиот прволигаш. Македонецот беше најзаслужен што АЕК и сезонава успеа да мине неколку рунди во квалификациите за Лигата на Европа, што беше доволен повод за продолжување на соработката.

Со новиот договор, Тричковски ќе остане дел од тимот од Ларнака до мај 2022 година.

„Со задоволство можеме да објавиме дека постигнавме договор за продолжување на соработката со Иван Тричковски. Нашиот лидер и најдобриот стрелец во европските натпреварувања ќе продолжи да го носи дресот на АЕК уште дополнителни две сезони“ – се вели во соопштението на кипарскиот клуб.

Се вчитува...