АЕЛ Лимасол го потврди Јаневски, ќе ја води екипата до крајот на сезоната

АЕЛ Ларнака го промовираше Чедомир Јаневски за нов тренер на екипата. Кипарскиот тим објави дека соработката е до крајот на сезоната.

Јаневски вчера си поднел оставка од помошник тренер на репрезентацијата на Јужна Африка, за да ја прифати понудата од АЕЛ Лимасол.

„Јаневски одлично го познава кипарскиот фудбал, откако беше тренер во нашето првенство. Нашиот нов тренер утре ќе дојде во Кипар, а во понеделник ќе го има првиот тренинг“, се вели во соопштението на АЕЛ, посакувајќи му успех на екс селекторот.

Во минатото Чеде Јаневски ги водеше екипите на Енозис, Олимпијакос Никозија и Етникос Ахна на Кипар. Тој после една година се враќа во кипарскиот шампионат, откако во 2011 година си замина од Олимпијакос Никозија и ја прифати понудата помошнк на селекцијата на Јужна Африка.

Се вчитува...