АЕЛ Лимасол го претстави Кире Маркоски (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Кире Маркоски и официјално е претставен како нов фудбалер на кипарскиот прволигаш АЕЛ Лимасол. Тој ова лето од редовите на Работнички направи трансфер на Кипар. Ова е негов прв интернационалец предизивик.

За „романтичарите“, Маркоски настапуваше шест сезони и одигра вкупно 113 натпревари, постигнувајќи и 26 гола. Тој беше член на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година која настапи на Европското првенство во Полска, а има и три настапи за А-тимот.

Се вчитува...