Аеродромци не сакаат порази од Работнички, каменуван автобусот на МЗТ

Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром загуби убедливо (92-74) од Работнички во дерби – натпреварот што синоќа се одигра во Гостивар, а на враќањето во Скопје, и тоа пред својот дом во Аеродром, автобусот на тимот бил каменуван. Министерството за внатрешни работи информира дека на улицата „Васко Карангелевски“ во Општина Аеродром, околу 22.50 часот бил каменуван автобусот со кошаркарите и стручниот штаб на МЗТ Скопје.

За среќа, нема повредени во овој немил инцидент, а причинета е само материјална штета и полицијата работи на пронаоѓање на виновниците.

Се вчитува...