Аеродромци се подготуваат за осмата титула (ФОТО)

МЗТ Скопје е на прагот да стигне до осмата титула во својата историја откако „сино-белите“ на Дарко Радуловиќ имаат предност од 2-0 во финалната серија против Еуро Никел.

Во Аеродром е се подготвено за славје, а и покрај тоа што на натпреварот нема да биде доволено присуство на повеќе од 30 лица од двата табора, клубот организираше видео-бим на паркингот на СЦ „Јане Сандански“ за кој се очекува голем број на навивачи.

Се вчитува...