АФЕРИМ ВАРДАРЕЕЕЕЕЕЕ… Фенер на колена, Европа и „црвено-црна“ ќе биде обоена!

ВАРДАР Е КЛУБОТ КОЈ КАКО И МНОГУ ПАТИ ДОСЕГА ВО НЕГОВАТА ИСТОРИЈА УШТЕ ЕДНАШ ОТВОРА НОВА СТРАНИЦА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ. НАЈТРОФЕЈНИОТ МАКЕДОНСКИ КЛУБ ЌЕ ИГРА ЗА ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА ВО ГРУПИТЕ ОД ЛИГАТА НА ЕВРОПА!

„Вардарци“ вечерва на „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул одиграа одличен натпревар победувајќи со 1-2 против големиот фаворит Фенербахче, на тој начин потврдувајќи ја онаа победа од 2-0 во Скопје за пат кон европскиот врв оваа сезона!

„Црвено-црната“ чета на Чедомир Јаневски стартуваше одлично на дуелот, комплетно исполнувајќи ги тактичко-техничките определби. Вардар дозволи Фенербахче да го диктира ритамот но без посериозни шанси. Во поголемиот дел од почетокот на средбата домашните главно се обидуваа со шутеви од далечина на Ван Перси и Валбуена, но одличен на голот е Гачевски. Ван Перси имаше обид во 22. минута, а потоа во 23. минута и Валбуена од околу 22 метри, но Гачевски не дозволи изненадување.

Најголемата шанса во првите 45 минути за Турците ја имаше Ван Перси во 39. минута кога во мешаницата на само неколку метри пред вардаровиот гол расчисти Брдаровски.

За да, сепак, македонскиот тим биде далеку поблиску до водство… Во 42. минута во извонредна шанса за најде Барсегјан, но по неговата мајсторија дирекот го спаси голот на Фенербахче.

Турците со силен атак го почнаа второто полувреме. По неколку полушанси, најголемата следеше во 53. минута кога Туфан се најде осамен пред голот на Вардар, од 7-8 метри шутираше со глава но Гачевски одличен спречи водство.

Во 58. минута Валбуена шутира од 25 метри, но Гачевски брани покрај самиот лев дирек од македонскиот гол.

Вардар одлично се бранеше еден час на „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул, за да Фенербахче од прекин во 61. минута дојде до водство од 1-0 на реванш дуелот од плејофот за пласман во Лигата на Европа.

По корнерот од десната страна, дефанзивецот Роман Нојштатер најдобро се снајде пред голот на Вардар и од непосредна близина донесе водство за својата екипа…

Roman Neustadter Goal HD – Fenerbahce (Tur) 1… by football365life2

Но, македонскиот шампион по само седум минути успеа да го израмни резултатот на 1-1 на „Шукру Сарачоглу“ со голот на грузискиот интернационалец Џигаури кој по еден брз контранапад погоди за „црвено-црните“…

AMAZING GOOOL JIGAURI (1-1) Fenerbahçe SK VS… by hdlivegoalsА, до крајот не само што Турците не создадоа ништо посериозно пред голот на Гачевски, но преку Фелипе, Барсегјан и Николов, Вардар беше далеку поблиску до втор погодок на мечот. За да и Камени во 82. и во 83. минута спасуваше по шутевите на Фелипе и Спировски.

И, конечно вториот погодок следеше во 91. минута кога по одличното проигрување од Барсегјан, нововлезениот Никола Глигоров стрелаше и за победнички пат на Вардар кон Лигата на Европа!

fener - vardar 4

ЛИГА ЕВРОПА – ПЛЕЈОФ (реванш меч)

ФЕНЕРБАХЧЕ – ВАРДАР 1-2 (0-0)

Прв натпревар: 0-2

Стадион „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул. Гледачи: 35.000. Главен судија: Даниел Стефански (Полска). Стрелци: Нојштатер 61′ (Ф), Џигаури 68′, Глигоров 91′ (В).

ФЕНЕРБАХЧЕ: Камени, Исла, Шкртел, Нојштатер, Којбаши, Туфан, Топал, Потук, Дирар, Валбуена, Ван Перси.

Тренер: Ајкут Кочаман

ВАРДАР: Гачевски, Хамбарџумја, Новак, Велковски, Брдаровски, Спировски, Николов, Фелипе, Џигаури, Блажевски (62′ Муслиу), Барсегјан.

Тренер: Чедомир Јаневски

Се вчитува...