АФМ ги одби Иницијаторите за Вонредно собрание, тие обвинуваат дека со фиктивни клубови сака да остане на власт!

Атлетската федерација на Македонија го одби барањето на 13 клуба за свикување Изборно собрание незадоволни од досегашната работа на претседателот Крсте Серафимовски.

Izvestuvanje od AFM

Izvestuvanje od AFM 2

Од АФМ, во известувањето до клубовите, информираат дека не се исполнети условите за свикување Изборно собрание, и на 16. декември единствено ќе се организира тековно Собрание на федерацијата.

Веднаш по оваа одлука на Извршниот одбор на АФМ се огласија клубовите, предводени од АК Пролет, кои преку соопштение до нашата редакција обвинуваат дека Серафимовски со фиктивни клубови кои не постојат сака да остане на власт.

Соопштението од АК Пролет ви го пренесуваме во целост:

На 17. ноември АК Пролет во име на уште 12 клубови достави барање за свикување на вонредно собрание на АФМ, поради континуираното незадоволство во раководењето со федерацијата, користејќи го членот 36 став 3 од статутот на АФМ, кој вели Вонредно собрание може да биде свикано по одлука на Извршниот одбор, по барање на Надзорниот одбор и по барање на 1/3 клубови здружени во АФМ.

По исполнувањето на одредбата од Статутот ние барањето го доставивме на 17. ноември и согласно законот за здруженија започна рокот од еден месец во кој АФМ треба да го одржи вонредното собрание. На ден 28. 11 (вторник) се одржа Извршен одбор на кој членовите констатирале дека барањето е уредно и закажаа Вонредно собрание за 16. 12. 2017 година. Од тој момент започнува недемократскиот и понижувачки пристап кон потпишаните клубови од страна на Претседателот на АФМ се со една и единствена цел да се докаже дека не е исполнет критериумот од Статутот за Вонредно собрание. Во моментот кога, за жал, еден од иницијаторите потклекнал на методите на претседателот и обезбедил согласност за повлекување на клубот од иницијативата, тој закажа нова седница на Извршниот одбор која се одржа на 06. 12 2017 година. На седницата без одлука за повлекување на одлуката за свикување на Вонредно собрание тој констатира дека сега не се исполнуваат условите за свикување на вонредно собрание но и покрај тоа закажуваат тематско Собрание на 16. 12. 2017 година.

Иако знаевме дека смислено се одолжува доставувањето на известувањето по повод поднесеното барање ни на крај памет не мислевме дека намерите биле до оваа мера непрофесионални и неетички така што одговорот по нашето барање од 17. 11. 2017 година го добивме вчера во 15 часот попладне заедно со материјалите за собранието, замислете пола ден после статутарниот краен рок од 7 дена за доставување на материјалите за работа на Собранието.

Според Претседателот на АФМ во овој момент во АФМ членуваат 36 клубови и според тоа 1/3 потребна за свикување на собрание во бројки изнесува минимум 13 клубови. Иако ние уредно доставивме и го исполнивме тоа барање нас ни беше оспорено поради повлекувањето на еден клуб и според нив немаме 1/3 поддршка на клубови.

Почитувана спортска јавност, претседателот на АФМ знае дека бројките на клубови во овој момент изгледаат поинаку и знае дека барањето доставено од нас е валидно и со 12 потпишани клубови и со 11 клубови, но намерно или не тоа го крие со една единствена цел цензусот за свикување на Вонредно собрание да биде повисок и до сега недостижен (прв обид пред две години ).

Член 9 став 1

АФМ своите цели и задачи ги остварува во согласнот со Уставот на Р. Македонија позитивните законски и подзаконски акти во Р. Македонија и овој Статут.

Ова значи дека Централниот регистар е институција која правно го регулира постоењето на правните субјекти во овој случај клубови така што правниот престанок на клубовите значи и престанок на работа на клубовите согласно член 19 став 1 од Статутот и на таков начин ние со одлука на Собрание до сега сме требало да ги избришеме клубовите од регистарот на клубови на федерацијата. По овој статутарен основ дури 4 клубови до сега требало да ги избришеме од регистарот со што вкупниот број на клубови би изнесувал 32. А, во тој случај 1/3 од 32 клуба е 11 клубови.

На ваков начин во федерација која работи според Статутот и законите и подзаконите на Р. Македонија барањата на Иницијативните одбори во двата наврати ќе беше усвоено.

Во Прилог и тековни состојби од Централен регистар за 4 атлетски клубови кои непостојат…

AK Makedonija - izbrisan

Fusion izbrisan

АК Пролет

Кристијан Кајчевски

Се вчитува...