Африкански куп на Нации: Алжир само до бод со Сиера Леоне, Ихеаначо ја израдува Нигерија

Во првите два натпревари од денешната програма во Африканскиот куп на Нации, падна само еден гол. Нигерија со голот на Ихеаначо ја совлада селекцијата на Египет. Голот беше постигнат во 30. минута од мечот, а на Египѓаните не им помогна ниту играњето на Салах. Нигерија беше далеку подобар противник од Египет, барем според шансите, и сосема заслужено славеше триумф.

Алжир иако важеше за голем фаворит во дуелот со Сиера Леоне, не успеа да оствари триумф. Осумте натпревари во рамките од голот не донесоа резултат. Алжир беше далеку подобар, меѓутоа Сиера Леоне успеа да се одбрани и да освои бод со големиот фаворит.

Се вчитува...