Агаси: Федерер, Надал и Ѓоковиќ не би можел да ги победам ни за милион години!

Легендарниот американски тенисер, Андри Агаси призна дека новите ѕвезди што денес владеа со тенисот се многу посилни од старата генерација

Дали гледате како го удираат топчето од основната линија! Би можел да играм против нив едно десетина минути, а потоа ќе мора да се откажам“ – вели Агаси нагласувајќи дека тенисот многу напредувал во последната декада.

Агаси во својката кариера освои осум гранслем титули, но признава дека со таа игра во денешно време не би можел да ја победи големата тројка – Федерер, Надал и Ѓоковиќ.

Не би ја победил таа група која ја сочинуваат Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ ни за милион години. Мојата најдобра форма не би можела да се спореди со нивната најлоша. И тоа ми е ОК, не се грижам за тоа“ – вели американската ѕвезда.

Се вчитува...