Агаси: Ѓоковиќ не ми веруваше, логично беше да се разделиме

Андре Агаси имаше кратка и крајно неуспешна авантура како тренер на Новак Ѓоковиќ, откако американската тениска легенда се обиде, но не успеа да ја врати кариерата на српскиот ас на победнички патеки. Агаси почна да соработува со Ѓоковиќ откако Србинот реши да се раздели од сите оние кои го тренираа со години наназад, но ангажманот на Агаси создаде контра-ефект.

„Новак ми беше благодарен за советите што му ги давав, но истовремено и гледав дека не веруваше во она што му го зборував. Кога не верувате во нешто, не давате се од себе за да го примените, а јас како тренер не можев да влијаам врз него онака како што посакував. А кога ќе чувствувате дека повеќе одмагате отколку што помагате, треба да престанете со тоа што го правите. На крајот, се согласивме дека не се согласуваме околку начинот на кој гледаме на соработката и логично беше да се разделиме“ – изјави Агаси.

Тој упати комплименти на адреса на Роџер Федерер, кој и на 36-годишна возраст е максимално физички подготвен, па стигнува до самите завршници на големите турнири.

Јас играв до 36 години кога телото престана да ме слуша. Ќе му се случи и на Федерер, можеби тој и сега се боди со болки во грбот, но кога ќе излезе на терен делува одлично и треба да му се честита за тоа“ – истакна Андре Агаси.

Се вчитува...