Агаси: Сопругата ме натера да му помогнам на Ѓоковиќ

Ангажманот на Андре Агаси како тренер на Новак Ѓоковиќ е изненадување за многумина во тенискиот свет, откако и Енди Мареј пред неколку дена истакна дека Американецот јасно ставил до знаење дека не е заинтересиран за тренерска работа. Сепак, Агаси вчера ја почна соработката со вториот светски рекет, во обид да му помогне на Ѓоковиќ да се врати на врвот на АТП-листата. Американската тениска легенда ја откри и причината за ваквиот ангажман – неговата сопруга Штефи Граф.

Кога почнав да разговарам со Новак, веднаш му реков НЕ. Сепак, сопругата Штефи ме убеди дека можеби треба да одам и да видам како ќе се одвиваат работите. Можеби сакаше накратко да се одмори од мене“ – се пошегува Андре Агаси по вчерашниот тренинг со Ѓоковиќ.

Поранешниот светски рекет број еден сепак јасно стави до знаење дека соработката со Ѓоковиќ нема да биде долгорочна.

Ова е убаво искуство, но нема да трае долго. Се договоривме да соработуваме само за Ролан Гарос, да дискутираме за неговата игра и да се обидам да му помогнам. Сепак, јас ќе си заминам уште за време на турнирот, бидејќи имам семејно патување што го планираме веќе подолго време и што не сакам да го одложам“ – истакна Агаси.

Се вчитува...