Италијанскиот првак Јувентус ја ангажираше португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо, но тоа очигледно придонесе многу други фудбалери да бидат незадоволни од статусот во клубот. Еден од нив е и Аргентинецот Пауло Дибала, кој сака да си замине во летниот преоден рок поради намалената минутажа и неможноста за адаптација во тимот во кој сите топки во нападот одат кон Роналдо.
„Проблемот е тоа што кога Кристијано Роналдо е на теренот, никој друг не може да направи речиси ништо. Пауло се чувствуваше многу убаво во Торино, но веќе не е така. Многу фудбалери на Јувентус се незадоволни со својот статус во тимот. Мислам дека Пауло и нема да е единствениот кој ќе си замине“, изјави Густаво Дибала, братот на фудбалерот кој воедно е и негов агент.
За Дибала постои интерес од Интер, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, а во трката влезе и Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА