Полскиот репрезентативен голгетер Роберт Левандовски кариерата ќе ја продолжи во Италија, и тоа најверојатно во редовите на Јувентус. Агентот на одличниот напаѓач денеска пристигна во Торино, каде ќе почне преговори со „бјанконерите“ за ангажман од идната сезона, тврди „Газета“.
Се очекува Левандовски на крајот на сезоната да го напушти тимот на Барселона, и би бил идеална аквизиција за Јувентус поради неговите квалитети и искуство кое го има. Во исто време, се очекува во следните денови да биде позната и иднината на Душан Влаховиќ.
Покрај Јувентус, за Левандовски е заинтересиран и Милан. „Росонерите“, сепак, се вртат кон Влаховиќ, чиј договор истекува на крајот на сезоната, и доколку успеат во неговиот ангажман, тогаш ќе биде јасно дека Полјакот нема да дојде во црвено-црниот дел во Милано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
