Агентот на Нејмар: Мојот клиент останува во ПСЖ

По вчерашната информација дека ПСЖ го понудил Нејмар да се врати во поранешниот клуб Барселона, надежта ја згасна агентот на фудбалерот кој напомена дека сигурно неговиот клиент останува во Париз и следната сезона.

Тој ги демантираше шпекулациите во последните неколку недели дека Бразилецот сигурно го напушта клубот и ќе ја смени средината,

„Нејмар не оди никаде. Тој ќе остане во Париз и следната сезона“, рекол агентот Вагнер Рибеиро.

Пред неколку недели се шпекулираше дека богатиот Њукасл ќе биде негова следна дестинација, но според зборовите на агентот, од тоа ќе нема ништо.

Се вчитува...