Агентот на Озил – Не се грижиме што „Адидас“ го раскина договорот

Откако Месут Озил остана без договор со „Адидас“, неговиот менаџер Еркут Шогут излезе со свој став околу целата ситуација. Во изјава за медиумите тој наведе дека воопште не се грижат поради раскинот на договорот, и дека со ова на Озил му се отвораат некои нови видици.

„Не се грижиме. Ниту еден од фудбалерите во Премиер-лигата нема влијание во друштвото како Месут. Можете да замислите каква атракција е Озил за сите останати производители на спортска опрема. Тој во октомври ќе наполни 32 години. Запознат е дека ако потпише договор со некој бренд во наредните две или три години, тоа ќе биде до крајот на професионалната кариера. Тој ќе развие свој бренд МО10“, изјави Шогут. 

Очигледно дека и покрај финансиите кои ќе ги загуби поради раскинот на договорот со „Адидас“, тоа не е голем проблем за Германецот.

Се вчитува...