Манчестер Јунајтед ја загуби битката за потписот на норвешкото чудо Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, а британските медиуми тврдат дека тоа било поради трансфер барањата на неговиот татко Алф-Инге Халанд и на менаџерот Мино Раиола. Оле Гунар Солскјер има лична релација со младиот играч со оглед дека работеше со него во Молде и беше на преговори во Норвешка. Изгледаше дека договор ќе има се додека двоецот негови претставници не ги испорачале барањата.

Контрола над идните трансфери на Халанд преку откупните надоместоци и преку одредувањето на висината на откупната калузула. Извори од Јунајтед тврдат дека ова било единствената причина што нема договор. Наводно од клубот сметаат дека ваквите „дилови“ не се добри за фудбалската индустрија.

Спротивно пак, во Германија ова е вообичаен начин на договарање и затоа Халанд потпиша четири и пол годишен договор со Борусија Дортмунд. Јунајтед секако и претходно имаше проблеми со Раиола кој му е агент и на Пол Погба.