Агентот на Ристовски: Можно е Стефан да се врати во Италија

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски е пред можност за напуштање на Спортинг Лисабон и враќање на Апенинскиот полуостров.

Како што вели неговиот агент Леонардо Корзи, кој е агент и на Горан Пандев, постои интерес од италијански клубови за Ристовски.

„Стефан одигра две одлични сезони во Спортинг Лисабон со освоен и Куп на Португалија. Пазарот сето тоа го гледа, па затоа се јавува и интерес за неговите услуги. Има некои поместувања на пазарот околу него, па ќе видиме што ќе се случи во блиска иднина. Можно е да се врати во Италија од каде има интерес за него од Серија А. Но, засега тоа е само на ниво на интерес, без нешто конкретно“ – вели Корзи во изјава за италијанските медиуми.

Ристовски, пред во 2017 година да потпише со Спортинг Лисабон, од 2010 до 2015 беше член на италијанската Парма, притоа минувајќи и на позајмица во Фросиноне, Бари и Латина. Од 2015 до 2017 настапуваше за хрватска Ријека.

Се вчитува...