Агентот Раиола откри: Балотели ќе игра во Борусија Дортмунд

Контроверзниот италијански фудбалер Марио Балотели најверојатно ќе заигра и во Бундес – лигата. По Калчото, Премиер – лигата, и францускиот шампионат, Балотели е на чекор да стане нов фудбалер на Борусија Дортмунд и следната сезона да ја помине во германското првенство.

Ова не е шега, и информацијата ја соопшти неговиот агент Мино Раиола.

„Да, Марио Балотели следната сезона ќе игра во Борусија Дортмунд“, изјави Раиола. Сепак, и тој е некогаш контроверзен, па медиумите овој негов став го земаат со мала резерва.

Марио Балотели е слободен фудбалер, откако истече неговиот едногодишен договор со францускиот клуб Ница. За него постои интерес и од Олимпик Марсеј.

Се вчитува...