Агим Ибраими ќе потпише со Домжале?

Македонскиот фудбалски интернационалец Агим Ибраими е најблиску до потпис со словенечкиот прволигаш Домжале, откриваат медиумите во оваа земја. Тој во минатото беше член на Марибор и на Олимпија Љубљана, а во моментов е слободен агент откако спогодбено го раскина договорот со Астана, клубот од Казахстан.

За Агим Ибраими во Македонија се интересираат и Вардар и Шкендија, а тој има понуди и од Турција. Сепак, Домжале е клубот кој е најблиску до ангажман на Ибраими, кој како слободен агент може да пристапи и по завршувањето на летниот преоден рок.

Поранешниот македонски репрезентативец е без клуб неколку месеци и тоа влијаеше да не добива повик во националниот тим. Сепак, неговите квалитети не се спорни и сигурно дека повторно ќе го облече дресот на Македонија кога ќе се врати во натпреварувачки ритам.

Се вчитува...