Агим Ибраими: Подготвени сме за пролетните предизвици

Шкендија полека ги финишира подготовките во турска Анатлија во пресрет на продолжението од шампионатот.

Тетовци, сосема очекувано, пролетва посакуваат одбрана на шампионската титула. Во таа насока е и ангажманот на најголемото засилување оваа зима, поранешниот репрезентативец Агим Ибраими кој треба да осигура полесен пат за Шкендија до врвот и оваа сезона.

Ибраими одлично се адаптираше во тимот на Ќатип Османи уште на првите тест дуели покажувајќи дека ќе биде големо засилување за тимот…

„Подготовките финишираат. Подготвени сме за се што не очекува наредниот период, верувајќи дека целите може да се остварат“ – порача Ибраими од Анталија.

Се вчитува...