Агим Ибраими пред потпис со шампионот на Албанија, Теута од Драч!?

Македонскиот интернационалец Агим Ибраими, по одличната сезона во редовите на Кукс, својата кариера најверојатно ја продолжува во редовите на албанскиот шампион, Теута од Драч.

Ибраими сезонава со 15 гола се издвои како најдобар поединец во Кукс, но откако неговиот тим не успеа да се избори за Европа, поранешниот македонски репрезентативец сосема извесно ќе ја промени средината.

Има одлична понуда од шампионот Теута, иако за неговите услуги се заинтересирани и Партизани Тирана и Тирана.

Се вчитува...