Повремениот македонски репрезентативец Агим Ибраими би можел својата кариера да ја продолжи во Динамо Тирана.
По неговата одлична сезона во Кукс која ја заврши со 15 постигнати погодоци, како што пренесуваат албанските медиуми, Динамо Тирана нема да штеди средства да го доведе во своите редови.
Веќе е активирана официјална понуда до Ибраими, чиј договор со Кукс завршува на крајот од овој месец. Македонскиот фудбалер има уште неколку понуди од албански клубови, но сепак онаа на Динамо кој се врати во Суперлигата е најконкретна и, се чини, најповолна за 32-годишниот Ибраими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА