Агим Ибраими се враќа во препознатливата форма: Успешно го води Домжале на европскиот пат

Агим Ибраими успешно се враќа во минатата, за него добро препознатлива форма со која во минатото настапуваше во дресот на словенечки Марибор.

Сега, повеќе од успешно е една од водечките фигури во тимот на Домжале кој се пласираше во 2. квалификациско коло од Лигата на Европа.

Македонскиот интернационалец асистираше на единствениот погодок на Домжале во вчерашното реми (1-1) со кое Словенците го елиминираа Широки брег од 1. квалификациско коло за ЛЕ. Во следното коло Домжале ќе се соочи со руската УФА.

Се вчитува...