Хулен Агинагалде реши да стави крај на авантурата во Киелце и на крајот од сезонава да се врати назад во татковината. Искусниот 36-годишен пивот објави дека оваа сезона ќе биде последна за Агинагалде во дресот на поранешниот европски првак, откако тој се договорил за трансфер во таборот на Бидасоа.
Шпанскиот клуб, кој утре ќе се сретне со Работник во рамките од последното коло од Лигата на шампионите, успева да донесе врвно засилување со кое ги потврдува високите амбиции за наредниот период.
„Заедно минавме седум прекрасни години, од првиот момент се почувствував како да сум дома. Следната сезона ќе ги променам тимовите, но не и жолтата боја на дресот“ – објави Агинагалде.
Шпанецот освои бројни трофеи на полската сцена со Киелце, но врв дефинитивно му беше триумфот во Лигата на шампионите во 2016 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА