Агон Елези пред промоција во германски Бохум!

Македонскиот репрезентативец Агон Елези е пред промоција во германскиот бундеслигаш Бохум!

22-годишниотЕлези беше пред трансфер во Австрија Клагенфурт, но според последните информации, реализацијата на тој трансфер во последен момент е откажана, а Елези се сели во редовите на Бохум кој исто така изминатиов период искажуваше нескриен интерес за услугите на македонскиот фудбалер.

Според информациите од Германија, Елези деновиве го очекуваат лекарски прегледи во Бохум пред официјализирањето на трансферот.

Се вчитува...