Македонскиот фудбалски репрезентативец Агон Елези го направи својот најдобар трансфер во кариерата откако денеска потпиша договор со бундеслигашот Бохум.
Тој денеска ги мина лекарските прегледи по кои стави потпис на договорот со Бундеслигашот. Елези своето деби во Бохум може да го има уште викендво кога неговиот тим ќе се сретне со Аугсбург.
На 2. март ќе го гледаме и македонското дерби во Бундеслигата каде Бохум на Елези ќе игра против Лајпциг, чиј член е Елиф Елмас. Агон Елези во кариерата играше за Вараждин, Скендербег и Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА