Агрон Руфати нема право за настап ниту за А – репрезентацијата

Младинскиот репрезентативец Агрон Руфати доби повик за настап во А-тимот за мечот против Грузија, но, сепак, нема да може да го има дебито во сениорската репрезентација. Тој е суспендиран за да игра во младата селекција до 21 година поради жолти картони, а по новите правила на УЕФА казната се префрлува и на другите генерациски натпреварувања.

Ова значи дека „промоцијата“ на Агрон Руфати ќе биде само за да ја почувствува атмосферата во сениорскиот национален тим и на тренинзите да докаже дека заслужува повик и меѓу најдобрите. Но, нема право на настап на мечот в среда против Грузија.

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска одржа тренинг на комплексот на ФФМ на кој беше присутен и Руфати, но не беа новоповиканите четворица фудбалери, Љупчо Дориев, Енур Тотре, Дарко Мицевски и Томе Китановски. Тие ја минуваат процедурата за тестирање на Covid-19.

 

Се вчитува...