Агрон Руфати потпиша за Академика од Романија

Младинскиот репрезентативец Агрон Руфати потпиша за романскиот прволигаш Академика Клинчени. Дефанзивецот кој има 22 години, беше дел од младинските категории на Динамо Загреб, а последен клуб му беше Зорја. Претходно беше дел и од Истра.

Руфати настапи за Зорја само на четири меча сезонава. Настапуваше за младинската репрезентација до 21 година, за која одигра 14 натпревари и постигна еден гол.

Академија Клинчени е тим кој опстајува 17 години во Романија. Минатата сезона ја заврши на високото петто место, а во моментов екипата е на последното место во романската „елита“ со само 11 бодови од 23 натпревари.

Се вчитува...