Аргентинскиот интернационалец Серхио Агуеро би можел да се врати на фудбалските терени по само 15 дена, најавуваат медиумите на Островот, откако тој имаше сериозна сообраќајна несреќа во Холандија, враќајќи се од музички концерт, на пат кон аеродром, кога такси возилото се заби во столб. Агуеро заработи две скршени ребра, но, сепак, последните информации говорат дека се чувствува добро и дека би можел експресно да се рехабилитира. Најповолните очекувања се дека ќе може да игра за фудбал и по две седмици, но многу пореално е да се врати на теренот по пауза од еден месец.
Првичните прогнози говореа дека Кун Агуеро ќе паузира со месеци, а тоа секако беше нов шок за Пеп Гвардиола откако и левиот бек Бенџамин Менди ги скина вкрстените лигаменти на коленото и најверојатно сезоната за него е завршена.
Вечерва Манчестер сити му гостува на актуелниот англиски првак Челси на „Стемфорд бриџ“, во дерби натпреварот од ова коло во Премиер – лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА