Агуеро ја одби „десетката“ на Меси, ќе игра со број 19

Новиот напаѓач на Барселона, Серхио Агуеро, одби да го земе дресот со број 10 во Барселона, со кој до оваа сезона настапуваше Лионел Меси. Според извори од Барселона, Агуеро одлучил да настапува со дресот со број 19.

Агуеро се пресели во Барселона во јули оваа година како слободен фудбалер. Претходно стана јасно дека Агуеро ќе го пропушти почетокот на новата сезона поради повреда. За време на медицинскиот преглед на аргентинскиот интернационалец, лекарите открија сериозна повреда на лигаментите на глуждот.

Се вчитува...