Агуеро како мало дете: Соиграчите не ми ја додаваат топката

Четврта сезона по ред, Манчестер Сити се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако синоќа ја победи Борусија Менхенгладбах во двата осминафинални натпревари. Сити се проби меѓу осумте најдобри со две победи на „Арената Пушкаш“ во Будимпешта, а во двата натпревари славеше со резултатот од 2-0.

И покрај победата, Серхио Агуеро го напушти теренот незадоволен.

Ѕвездата на Сити и најдобриот стрелец во историјата на клубот ги одигра само последните 15 минути од натпреварот во кои тој не успеа да шутира кон голот на германскиот тим. Причината зошто тој не се закани на голот на Борусија (М) беше откриена по натпреварот, кога Агуеро се пожали на Гвардиола.

„Тие не ми ја додаваат топката“, рече Серхио.

Агуеро веќе некое време се поврзува со трансфер во Барселона откако му истекува договорот на крајот од тековната сезона. Оваа сезона, тој одигра само 14 натпревари за Сити и постигна три гола.

Се вчитува...