Агуеро: Меси одигра одлично против Реал, а француските медиуми се ш**аци

Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси се најде на мета на критики во француските медиуми поради промашениот пенал против Реал Мадрид и изданието во Лигата на шампионите. Француските новинари не штедат критики за Аргентинецот не само поради промашениот пенал, туку и поради играта.

Сето тоа го налути неговиот другар Кун Агуеро смета дека Меси одиграл врвен натпревар.

„Играше одлично. Не зборувам затоа што сум негов пријател, беше многу добар, активен. Штета поради промашениот пенал, но после него одигра одлично“, рече Агуеро.

„Француските медиуми го убија. Шупаци. Имав закажано интервју со француски медиум, но го откажат. Им реков дека го поддржувам Меси и дека сум многу лут“, изјави аргентинскиот фудбалер.

Агуеро неодамна ја заврши кариерата поради проблеми со срцето, а последен клуб му е Барселона.

Се вчитува...