Агуеро му го донесе трофејот „Комјунити Шилд“ на Сити

Актуелниот првак Манчестер сити го освои трофејот „Комјунити Шилд“, откако го совлада Челси со 2-0 во дуелот што традиционално претходи на стартот на новата сезона во Премиер – лига. Аргентинтинскиот интернационалец Серхио Агуеро беше стрелец на двата гола за „граѓаните“ на овој меч. Тимот на Пеп Гвардиола покажа дека и во новата сезона ќе биде главен фаворит за титулата.

Агуеро донесе водство за Манчестер сити во 13.минута. Тој се одлучи на удар од дваесетина метри и го совлада Вили Кабалјеро. Во 58.минута го постигна и вториот гол за својот тим, а имаше и уште неколку нереализирани шанси.

Се вчитува...