Аргентинскиот фудбалер Серхио Агуеро се наоѓа во пензија, но сега најавува дека размислува да се врати на теренот.
„Овие денови ми падна на памет дека можам да се вратам. Лекарите ми препорачаа пола година не правам никакви активности, па сега почнав да размислувам да се вратам на терените и да тренирам“, рече 33-годишниот напаѓач кој му објави збогум на фудбалот, откако му беа откриени срцеви проблеми.
Оваа сезона Агуеро потпиша за Барселона, но по само неколку месеци мораше да се откаже. Претходно играше во Манчестер Сити и стана легенда, постигна 385 голови во 685 настапи, додека во репрезентацијата на Аргентина одигра 101 меч, и постигна 41 гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА