Агуеро почна со тренинзи во Манчестер

Навивачите на Манчестер сити можат да здивнат околу состојбата на Серхио Агуеро откако аргентинскиот ас денеска се појави на тренингот на својот клуб. Првичните информации околу неговата состојба беа дека Агуеро едвај се движи, но очигледно е дека ситуацијата во меѓувреме значително се подобри, па Аргентинецот денеска беше дел од играчите што му беа на располагање на Пеп Гвардиола.

Тој не тренираше со остатокот тимот туку работеше индивидуално со физиотерапевт и јасно е дека се уште не е близу до камбек на терените, но „граѓаните“ се надеваат дека Агуеро ќе може да се врати во тимот пред крајот на овој месец.

Само за потсетување, Агуеро настрада во сообраќајна несреќа во Амстердам, откако такси возилото со кое се возеше до аеродромот во холандската метропола излета од улицата по која се движеше и се удри во столб. Првичните информации говореа дека тој ќе мора да паузира најмалку два месеци, но како што стојат работите камбекот ќе се случи многу порано.

Се вчитува...