Агуеро: Сакав да потпишам за Барселона, Меси и парите не беа пресудни за преселба во Каталонија

Серхио Агуеро беше едно од првите летни засилувања за Барселона, кој дојде како слободен агент откако му истече договорот со Манчестер сити. Сепак, тогаш кога стие помислија дека Барса ќе има повторно силно трио предводено од Меси, Гризман и Агуеро, се случи распад систем, па сега Серхио ќе игра со подмладокот на „каталонците“.

Јавноста мисли дека Аргентинецот потпишал за Барселона поради неговиот добар другар Лионел Меси. Голгетерот изјави дека и да знаел дека Меси си заминува од клубот, тој повторно ќе дошол во тимот на Куман. Серхио потенцираше дека парите не му се приоритет и дека од претходно ја знаел состојбата на Барселона.

„Кога почнаа преговорите со Барселона, знаев дека клубот не стои добро финансиски, но мене не ми беа важни парите, едноставно сакав да дојдам и да играм за Барселона. Му кажав на мојот агент да го договори тоа. Јасно беше дека не можам да го заработувам тука она што го заработував во Сити, но јас бев возбуден што ќе играм за Барселона. За време на преговорите, зборував со Меси, но не за неговата иднина во клубот. Не сакав да му додевам, но тој ми рече дека ќе ги реши работите. Бевме на Копа Америка и се случи неговото заминување. Нормално, бев шокиран. Но морам да кажам дека дефинитивно ќе потпишев за Барселона дури и да знаев дека тој си заминува. Клубот финансиски ќе се подобри и ќе им надомести на младите фудбалери за своите игри. Зборував со Лео и тој ќе се врати да живее во Барселона. Се надевам дека работите ќе му одат во прилог. Играв против него додека бев во Сити, сега би било убаво повторно да играме еден против друг“, изјави Агуеро.

Се вчитува...