Фудбалерот на фудбалската федерација на Аргентина, Лионел Меси и дефинитивно нема да остане во Барселона, па се појавија шпекулации дека од Каталонија сака да си замине и Серхио Агуеро.
Кун потпиша со Барселона поради големата желба да игра со Меси во ист клуб, но очигледно нема да му се исполни сонот, а сега и самиот ги реши дилемите за тоа дали ќе остане или ќе си замине од каталонскиот гигант.
„Не грижете се, ме имате цела година“, кажа Агуеро и така потврди дека останува во Барселона барем една сезона.
Аргентинецот, исто така, испрати и поддршка до својот пријател и сонародник Меси, кој најверојатно ќе се приклучи на ПСЖ.
„Секоја чест пријателе. И секогаш биди со таа насмевка. Те сакам“, објави Аргентинецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА