Агуеро со коментар за Меси го „пецна“ Роналдо, па предизвика „бура од реакции“ на социјалните мрежи (ФОТО)

Младата ѕвезда на Манчестер јунајтед, Алехандро Гарначо одново ја разгоре дебатата за тоа кој е најдобар фудбалер на сите времиња, Кристијано Роналдо или Лео Меси.

17 годишниот Алехандро Гарначо, кој е роден во Мадрид но реши да настапува за Аргентина, синоќа доби прв повик во сениорскиот тим на Манчестер јунајтед. Иако не одигра ниту една минута, од натпреварот со Норич ќе има убав спомен, Кристијано Роналдо му ја подари топката со која постигна хет-трик.

Младиот фудбалер потоа се огласи на социјалните мрежи, споделувајќи слика од овој убав гест на Португалецот.

„Најдобриот на сите времиња… Кристијано Роналдо“, вака гласаше пораката на неговиот профил.

Младото момче доби одговор од Кун Агуеро, кој одлучи да ги „пецне“ Роналдо и неговите фанови.

„Тоа е така затоа што се уште не си играл со најдобриот, Лео Меси“, напишал Кун.

Овој коментар на поранешниот напаѓач ги запали социјалните мрежи и имаше повеќе од 25.000 одговори.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alejandro Garnacho (@garnacho7)

 

 

Се вчитува...