Ахмад Кларк го засили Феникс (ФОТО)

Феникс 2010 продолжува со составување на тимот во пресрет на дебитантската сезона во Првата македонска лига, а откако вчера беше официјализирана соработката со Борјан Стојановски, нов играч на тимот е и Ахмад Кларк.

Станува збор за 24-годишен Американец кој во редовите на Феникс доаѓа од Универзитетот Албани каде во просек поситгнувал 16.7 поени, 4.9 скока и 4.1 асистенција во својата сенироска сезона.

Со ова засилување новиот член на елитата полека го затвара ростерот во пресрет на новата сезона. Како потсетување, Кларк е шестото засилување за Феникс 2010 оваа претсезона по Михајло Арсоски, Павле Михајловски, Борјан Стојановски, Куртис Џоунс и Двејн Морган.

Се вчитува...