Ајакс го правда Онана: По грешка има земено таблeта на сопругата… (ВИДЕО)

Ајакс нема по добро да ја помни оваа седмица откако прво клубот „киксна“ со непријавувањето на најголемото засилување за сезоната, Себастијан Халер за настапите во Лига Европа, а утрово голманот Андре Онана беше суспендиран на една година за користење на допинг.

По целата ситуација се огласи и самиот клуб, а во изјавата за медиумите претседателот на Ајакс, легендарниот Едвин ван дер Сар кој застана во одбрана на својот играч.

„Зборуваме за процес на слабеење кој помага за контролирање на водата по бременост. Тој по грешка земал апче на сопругата бидејќи имињата се слични, и тоа е грешката која ја направил утрото. И УЕФА верува дека Андре ненамерно ја искористил таблетата, па и нам ни е чудно зошто казната е толку голема, не се сложуваме со истата. Заедно со Андре ќе одиме и чекор понатаму“ – изјави поранешниот голман.

По целата ситуација се огласи и самиот Онана…

„Сето ова е резултат на човечка грешка, едноставна човечка грешка при која измешав медикамент кој содржи забранета супстанца од ВАДА, со обичен аспирин. Споменатите апчиња и беа препишани на мојата сопруга, а јас по грешка ги измешав пакувањата кои се навистина слични. Жалам многу за тоа што се случи, ја почитувам одлуката на УЕФА, но ја сметам за претерана и неиздржана кога беше докажано дека станува збор за ненамерна грешка од моја страна. Цел свет знае дека водам здрав живот и комплетно сум против допингот. Немам потреба од допинг за да ја стимулирам мојата кариера. Ќе ја обжалам одлуката на УЕФА во Судот за спортска арбитража во Лозана за да ја докажам мојата невиност и да го исчистам моето име. Сакам да му се заблагодарам на Ајакс за поддршката, а исто така и на селекцијата на Камерун“ – стои во објавата на Онана.

Се вчитува...