Ајакс официјално го промовираше своето најново засилување, Јулијан Брант.
Офанзивниот играч од средниот ред беше достапен како слободен играч, потпишувајќи тригодишен договор со тимот од Амстердам, кој стапува на сила веднаш и важи до 30 јуни 2029 година.
20-годишниот Брант ги помина последните седум сезони со Борусија Дортмунд. Пред тоа, 48-кратниот германски репрезентативец играше за Баер Леверкузен шест сезони, меѓу другите клубови.
„Јулијан го избра Ајакс и ние сме апсолутно воодушевени од тоа. Разговараме неколку месеци, а тој имаше и можност да потпише за други клубови. Со Јулијан, доведуваме врвен меѓународен играч со богато искуство и фантастичен менталитет. Убеден сум дека тој ќе додаде вистински квалитет во нашиот тим“ – порача Жорди Кројф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
