Ајакс сака да го врати Де Лихт до крајот на сезоната

Холандскиот шампион Ајакс се обидува да го врати во Амстердам поранешниот капитен Матијс де Лихт. Тој минатото лето направи трансфер во Јувентус за 86 милиони евра, но таму не успеа да се наметне најдобро и доби многу критики за своите игри. Тренерот Маурицио Сари вели дека му е потребно време за да се прилагоди на Серија А, а Ајакс сака да го добие на позајмица до крајот на сезоната.

„Нема никаков проблем со Де Лихт, освен некои здравствени тегоби поради кои и паузира одреден период. Нема сомнение дека тој во иднина ќе биде еден од најдобрите дефанзивци во светот, тој е неверојатен потенцијал, но да не заборавиме дека има само 19 години и потребен му е период на прилагодување во италијанскиот фудбал“, изјави тренерот на Јувентус.

Ајакс, според тврдењето на португалскиот весник „А Бола“, би сакал да го врати Матијс де Лихт во Амстердам во наредните шест месеци, до крајот на оваа сезона.

Се вчитува...