Ајкут Кочаман: На Вардар може да му дадеме колку сакаме голови

Тренерот на Фенербахче, Ајкут Кочаман верува дека неговиот тим може да стигне до групите од Лигата на Европа.

Пред утрешната реванш пресметка со македонскиот шампион Вардар во Истанбул, Кочаман потенцира дека Фенербахче самиот се победил во Скопје, а не дека македонскиот тим нешто посебно фудбалски покажал.

„Ние многу добро знаеме дека во Скопје загубивме само поради нашите грешки и во нападот и во одбраната. Во нападот бевме навистина неконцентрирани и промашувавме, а во одбраната да не зборувам – катастрофа. Но, научивме од грешките… И верувам дека сега тоа нема да се повтори пред нашите навивачи. Ако ги намали тие наши индивидуални грешки, и во нападот и во одбраната, тогаш сигурен сум дека на Вардар може да му дадеме голови колку што сакаме, и да стигнеме до зацртаната цел“ – вели Кочаман.

Се вчитува...