Ајнтрахт Франкфурт и Ренџерс ќе се борат за трофејот во Лига Европа

Ајнтрахт Франкфурт и Ренџерс ќе се борат за трофејот во Лига Европа откако германскиот и шкотскиот тим успеаја да ги поминат полуфиналните средби против Вест Хем, односно Лајпциг.

Германците славеа на домашен терен со 1-0 со што ја потврдија предноста од првиот натпревар одигран во Лондон (1-2), додека Шкотланѓаните со победа од 3-1 ја неутрализираа негативата од првиот натпревар (0-1).

Црвениот картон на Кресвел во 17. минута ја олесни задачата на Франкфурт, а предноста од еден играч на теренот германскиот тим ја искористи девет минути подоцна преку Боре за овој резултат да остане на семафорот до самиот крај.

Ренџерс пак ја неутрализираа предноста на Лајпциг и поведоа со 2-0 со два брзи гола во Таверние и Камара во 19. и 24. минута, а овој резултат остана на семафорот и до крајот на првото полувреме. Нкунку во 71. минута ја затресе мрежата и го врати гостинскиот состав игра, но во 81. минута Лундстрам ја затресе мрежата и ја потврди победата.

Големото финале кое ќе се одигра во Севилја ќе се одржи на 18. мај.

Се вчитува...