Ајнтрахт Франкфурт и Ренџерс во битка за трофејот, но и пласман во Лигата на шампионите

Германскиот Ајнтрахт Франкфурт и шкотскиот Ренџерс вечерва ќе се сретнат во финалето во годинашното издание на Лигата на Европа кое ќе се игра на арената „Рамон Санчез Писхуан“ во Севилја.

Двата тима покрај тоа што го бркаат трофејот по второто во ранг европско натпреварување тие преку Лигата на Европа бараат и билет за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Ајнтрахт заврши како 11. во Бундеслигата, па тоа значи дека доколку не триумфира на денешното финале германскиот тим следната сезона нема да игра во Европа. Од друга страна Ренџерс со второто место во шкотскиот шампионат веќе има загарантирани квалификации во елитното натпреварување следната сезона, па доколку стигне до трофејот третопласираниот Хартс ќе го добие местото во квалификациите во ЛШ.

Клубот од Франкфурт досега има две европски титули. Првата е од Интертото купот во 1967 година, додека втората е во УЕФА купот во 1980 година. Ајнтрахт има играно и финале во Купот на европските шампиони во 1960 година. Шкотскиот великан има титула само во Купот на победниците на куповите во 1972 година.

Финалниот натпревар од Лигата на Европа е со почеток во 21 часот.

Се вчитува...