Ајнтрахт со порака до ПСЖ: Коло Муани чини 100 милиони и ниту евро помалку

Ова е лето за ремонт во таборот на ПСЖ, а управата на „светците“ по Усман Дембеле планира да врати назад во Франција уште еден репрезентативец на оваа земја. Станува збор за Коло Муани, одличниот голгетер на Ајнтрахт кој беше желба на неколку европски гиганти, за сега да се најде многу блиску до преселба на „Паркот на принцовите“.

Муани имаше зад себе извонредна сезона, со 23 гола и 17 асистенции во дресот на Ајнтрахт, што значитено ја крена неговата цена на пазарот. Французинот веќе ги договори деталите од петгодишниот договор со ПСЖ, но сега доаѓа потешкиот дел од задачата – да биде најден заеднички јазик меѓу клубовите. Француските и германските медиуми обелоденија дека преговорите се веќе почнати, а Ајнтрахт ја одбил и првата понуда од Париз, во висина од 70 милиони евра (60 загарантирани и 10 милиони поврзани со неколу клаузули).

Пораката од Франкфурт е јасна – Коло Муани чини 100 милиони евра и ниту евро помалку, па сега на потег е Ал Келаифи, кој ќе треба да донесе одлука дали сите пари од продажбата на Нејмар во Саудиска Арабија да ги реинвестира во актуелниот голгетер на Ајнтрахт.

Се вчитува...