АК Делта: Селекторот да понесе одговорност за срамните случувања на ЕП во планинско трчање

По срамните случувања на Европското првенство во планинско трчање кое се одржа во Скопје, од АК Делта и со официјално барање до Атлетската федерација на Македонија за покренување постапка за одговорност на селекторот на репрезентацијата.

Од АК Делта бараат дисциплинската комисија на АФМ да изрече едногодишна забрана за селекторот на македонската репрезентација за вршење должност во атлетиката.

СООПШТЕНИЕТО ОД АК ДЕЛТА ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

Од атлетски клуб Делта до дисциплинската комисија на АФМ бараме превземање одговорност и соодветно санкциoнирање на селекторот на репрезентацијата, кој покажа апсолутно непознавања на правилата за учество на планинското трчање, при тоа пријавувајќи пет атлетичари сениори очекувајќи сите да настапат на самиот натпревар, во кој е дозволено да настапат четири учесници, при тоа атлетичарите се оставени до последен момент да не знаат воопшто дали ќе настапат на ова Европско првенство.

Доколку се докаже дека има останати лица кои се вмешани за предизвикување на ваквиот чин, истите да се соодветно санкционирани. Иако правилникот е оскуден во однос на казнувањето на функционери на АФМ, и до сега бевме сведоци огромни прекршоци кои едноставно си поминуваа неказнето, бидејќи едноставно ги нема во правилникот.

Бараме согласно член 19, селекторот да се казни на забрана за вршење во должност од 1 година поради неоправдано нејавување на повик за одлуки поврзани со атлетската репрезентација, а при кој на директен удар се атлетичарите. Иако оваа одлука како таква нема многу да ги промени работите, веруваме дека забраната од една година за туризам на селекторот многу ќе го погоди.

Овие атлетичари се долгогодишни членови на Македонската репрезентација кои гордо ја претставуваат Република Македонија секаде и секогаш кога настапуваат вложувајќи лично време и ресурси, а ваквиот нивни потег беше направен во момент на незадоволство бидејќи беа оставени сами на себе во последен момент, како и поради аматерскиот начин на селекција кој стана навика на селекторот.

Притоа, на 3. јануари од наша страна беше испратен детален план за организација на учеството на нашата репрезентација, и убедени сме дека доколку се реализираше ситуацијата ќе беше многу поинаква. Доколку пак селекторот и соодветните лица немаат капацитет да реализираат ваков план, требаше да дозволат лица од потенцијалните клубови учесници да го реализираат, а при тоа нашите атлетичари репрезентативци да бидат задоволни и да го дадат својот максимум.

УО на АК “Делта”

Се вчитува...