Ак. Пандев и со втор идентичен пораз, без постигнат гол го заврши деби настапот во Европа (ВИДЕО)

Академија Пандев и со втор идентичен пораз, и без постигнат погодок во двата натпревари против Зрињски од БиХ, го заврши својот дебитантски настап во Европа во клупската историја.

По оние 0-3 во Скопје, „пандевци“ во Мостар поразени повторно 0-3 во натпревар во кој реално заслужија барем почесен погодок во Европа.

И покрај привидната иницијатива на домашните на стартот од мечот првата вистинска шанса ја имаше македонскиот состав кој во 25. минута преку Томислав Илиев не успеа да дојде до водство.

Домашните до предност дојдоа со голот на Мандиќ во 50. минута…

 

На 2-0 зголеми Говедарица со прекрасниот погодок во 79. минута…, а конечните 3-0 ги постави Гојковиќ во 92. минута од натпреварот.

 

Зрињски во следното коло од квалификациите во Лигата на Европа ќе игра против холандски Утрехт.

Се вчитува...