АК Пролет: Туризмот на Атлетската федерација… Кој, како и зошто замина на ЕП во Ѓер!?

Од АК Пролет во име на Иницијативниот одбор за промени во Атлетската федерација на Македонија реагираат на одлуката за учество на македонските атлетичари на престојното Европско првенство во Ѓер, Унгарија, без почитување на правилникот од страна на АФМ, без почитување на македонските атлетичари и без почитување на одлуките на Управниот одбор…

СООПШТЕНИЕТО ОД ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР ЗА ПРОМЕНИ ВО АФМ ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

Безредието во АФМ продолжува и понатаму, не се почитува ни хиерархија ниту правилници. Критериумот за учество на македонските репрезентативци на меѓународни  натпревари беше донесен на 07. јуни минатата година. и истиот беше усвоен од Управниот одбор на федерацијата. За учество на Европско првенство има норма, меѓутоа нашиот правилник кажува, доколку нема атлетичар со исполнета норма, ќе одат двајцата најдобри атлетичари по ИААФ таблицата. Но, по се изгледа дека правилникот не важи за сите исто.

На Европското Првенство во Ѓер кое се одржува престојниов викенд отпатуваа Јана Митовска која е голема надеж на македонскиот спринт и е најдобра од женска конкуренција и на која авионската карта и ја покри АК Работнички (репрезентативец кој оди на Европско првенство, претставува држава а патува на клупски трошок!?). Патува и Берат Мустафа најдобар од машка конкуренција на 400 метри (но со послаби бодови од Анеса Хајдари). Отпатува и Наско Стаменов кој е Македонец, но живее и тренира во Италија, кој имал повеќе бодови од Берат, но не се појавил на ниту едно изборно првенство или пак било какво домашно првенство, а кој исто така сам си ги покрива трошоците. Секоја чест за бодовите, но Берат е присутен на нашите првенства и ги дели очајните услови со сите други атлетичари. Отпатуваа и двајца тренери, и покрај тоа што правилникот повикува да патува тренерот на подобриот атлетичар.

Ваквото дивјачко, расипничко и непрофесионално раководење на федерацијата од страна на Крсте Серафимовски е без респект за домашните атлетичари, без респект на одлуките на Управниот одбор на АФМ, без респект на одлуките на селекторот Ѓорѓи Вучков, кој патем треба да преземе одговорност за овој хаос, бидејќи селекторот ги прави конечните списоци, селекторот предлага атлетичари и тренери. Затоа одговорноста е и негова.

Кристијан Кајчевски – АК Пролет.

Иницијативен одбор за промени во Aтлетската федерација на Македонија

Се вчитува...